Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ открива дека на лидерската средба денеска ниту еден лидер освен Заев и неговата коалиција не кажувале датум за избори. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ сака избори но не по секоја цена бидејќи здравјето на граѓаните е најважно.
Ние сакаме избори час поскоро но здрајето на луѓето е најважно и тоа навистина го мислам. Сите сакаат да има избори но има премногу пречки. Кога здравствените власти ќе кажат ние сме подготвени за избори. ВМРО-ДПМНЕ е најдобро на терен.Ние не можеме да правиме кампања без да ги посетиме граѓаните на терен-вели Мислајловски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Comments are closed for this post.