Вежбањето не е грев, колку што е предавството на државата. Сметам дека да вежбаш е навика, но за жал крадењето и лажењето освен што е навика на власта, станува и нивени начин на однесување и стил на живеење. И мислам дека покрупно прашање кое треба да се одговори чија парапартиска структура организирано ме следи, открива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Фокус“.
Тој објаснува дека бил предмет на хајка на организирани лажни вести кога се појави снимка од негово наводно вежбање од една друга теретана, па се појави фотографија од искачување на Водно.
Очигледно власта е исплашена, па мора да организира следење на лидерот на опозицијата. Но, во исто време не е проблем да продолжат со крадењето на државниот буџет и да не прават ништо во однос на економската криза. И секогаш кога сакаат да покријат некоја друга тема се вртат кон лажење и тоа е слабост, а не нивна предност – додава Мицкоски.
Comments are closed for this post.