Уставниот суд, по повод вчерашното соопштение на Владата по однос на одлуката на Судот за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за Уредбата со која таа се дополнува, информира дека таа е донесена едногласно.
– Тоа значи дека кај сите судии во оваа фаза од постапката, нема никаква дилема дека основано може да се постави прашањето за согласноста на овие акти со низа уставни и законски одредби. По однос на ставовите на Судот за овие уредби, но и за другите уредби со законска сила за кои на вчерашната се седница се одлучи да се поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост, согласно Деловникот на Судот, Владата ќе има можност да даде свои правни аргументи, наместо вчерашните непримерни и паушални наводи, кои не се во согласност со владеењето на правото и се насочени против самостојноста и независноста на Судот која треба да биде почитувана од секого вклучувајќи ја и Владата, истакнаува Уставниот суд во денешното соопштение.
Comments are closed for this post.