Зоки Кичеец е на слобода, дал гаранција од над 200.000 евра и укината му е мерката куќен притвор, потврдија за Алфа телевизија, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и адвокатот на Зоран Милески, Александар Новаковски.
Ја прифативме гаранцијата во имот, со тоа што во казната нема да му се пресмета периодот кој ќе го мине на слобода до правосилноста на пресудата, вели во телефонски разговор за Алфа, Вилма Рускоска.
Новаковски за Алфа вели дека била прифатена финансиска гаранција за неговиот клиент да не биде повеќе во куќен притвор. Колкава е точно гаранцијата не знаеше да каже, но вели била над 200 илјади евра.
Инаку, Кичеец беше неправосилно осуден на три години затвор за кривичното дело „примање награда за противзаконско влијание“. Засега тој е единствен осуден за „Рекет“, откако на стартот на судскиот процес го призна делото.
Милески досега во затворот во Шутка и во куќен притвор мина речиси девет месеци, кои ќе му бидат пресметани во затворската казна која ќе треба да ја отслужи по правосилноста на пресудата. Тоа значи дека Кичеец во затвор треба да мине уште 2 години и 3 месеци.
Случајот „Рекет“ кој се уште е во тек, дигна многу прашина во јавноста. Во судските клупи за изнудата на пари од Орце Камчев, се уште Бојан Јовановски познат како Боки 13 и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.
Comments are closed for this post.