Општествено одговорните компании продолжуваат секојдневно да манифестираат хуманост и солидарност во битката со коронавирусот Ковид 19. Најизложени на опасноста се медицинските лица кои се во првите редови во битката со опасниот вирус, од кој во светот заболеа над два милиони луѓе. Македонија исто така е погодена од корона кризата која сериозно го оптоварува здравствениот систем.
Костал Македонија, докажано општествено свесна и одговорна компанија, деновиве обезбеди поголема количина помош во заштитни материјали и средства, кои се од исклучително значење во секојдневното работење на медицинскиот персонал.
Во овие моменти на криза предизвикана од коронавирусот, сметаме дека од голема важност е да се подржат здравствените работници,установи и организации во нашата локална заедница, кои секојдневно, несебично и неуморно се борат со пандемијата и им помагаат на секакви начини на луѓето на кои помошта сега им е најпотребна. – информираат од „Костал Македонија“.
Помошта од „Костал Македонија“ во текот на вчерашниот ден е доставена до Црвениот крст Охрид, кој веќе ја распредели до соодветните здравствени организации и волнтерски тимови.
„Костал Македонија“ на сопствена иницијатива обезбеди поголема количина заштитна опрема како маски за еднократна употреба, ракавици, скафандери и средства за дезинфекција. Истите веќе се доставени со Центарот за јавно здравје Охрид, Брзата помош во Охрид, како и до волонтерските тимови на Црвениот крст Охрид кои секојдневно на повик на граѓани доставуваат неопходни продукти до нивните домови. – информира Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.
Според здравствените власти, Македонија влегува во критична фаза од пандемијата, која се очекува да го достигне својот максимум во наредните денови и недели, а бројот на заболени од Ковид 19 во земјава надмина 1000.
Comments are closed for this post.