Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивин на коронавирус, заедно со уште 40 кумановци. Позитивниот тест на Димитриевски доаѓа еден ден по средбата на владините претставници со општинскиот кризен штаб.
Вчера во Куманово на средба со Димитриевски беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.
По позитивните резултати на Димитриевски сега се очекува да бидат одредени мерки за самоизолација на оние кои биле во контакт со него, според воспоставената пракса и протоколите за спречување на ширењето на вирусот. По тој принцип, во домашана самоизолација беа испратени партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, откако беа во контакт со заболено лице – новинар од Канал 5.
пасовски со дел од министрите од Владата вчера беа во Куманово на седница со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово. Штабот побара од Комисија за заразни болести и Владата да достави епидемиолошка проценка на состојбата со Ковид-19 на територија на кумановската општина и да се произнесе дали досегашните преземени мерки од страна на надлежните се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.
На седницата на Штабот, и која присуствува и техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, беше побарано од Владата да ја издвои Општина Куманово од рамките на општите мерки на Владата кои важат за државата, со дополнителна 14-дневна, 24 часовна изолација или како што потенцираат карантин во посебни услови, кој ќе важи од 21 април и ќе трае до 4 мај годинава, при што ќе се почитуваат донесените мерки од Владата и дополнителни дефинирани постапки во ваква состојба на штабот.
Comments are closed for this post.