Воведувањето на строги мерки не значи дека бројот на заразени забрзано ќе се намалува. Македонија треба да го следи примерот на Чешка која добро се справува со корона вирусот вели за„ Пресинг ТВ“ чешкиот професор и експерт Михал Вит.
Тој има искуство од живеење во Македонија па затоа може да направи споредба за тоа како властите во двете земји постапуваат со заразата.
Се уште има слободни капацитети во болниците така да кризата не расте експоненцијално. Состојбата е стабилна, нема полициски час и има релативно слободно движење на граѓаните. Правилата се почитуваат, наместо да се воведуваат построги мерки чекор по чекор. Исто така можете слободно да влезете од земјата но со задолжителен карантин од 14 денови. Од следната недела ќе бидат повеќето продавници, а училиштата се очекува да продолжат со работа од средината на мај-објаснува Вит за „Пресинг ТВ“.
Тој потенцира дека веќе се дискутира за тоа кога строгите мерки ќе бидат укинати, а не дали.
Ова е сосема спротивен развој од Македонија каде станува посилно и поцврсто-нагласува професорот.
ТСпоред него живото во Чешкафункционира подобро и во нормални граници, а сето тоа е резултат на едно дејствување на испраќање мешани пораки од министерот за здравство премиерот Бабиш, и на директорот на единицата за справување со кризи .
Comments are closed for this post.