Лидерите на политичките парти на денешната средба кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април.
Приоритет во актуелната ситуација со коронавирусот треба да бидат животите и здравјето на граѓаните, заклучиле партсиките преставници.
На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути. На средбата присуавуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и Оливер Спасовски.
Comments are closed for this post.