Шестмина нови заразени, од кои пет се  од Дебар. Со тоа бројката се искачи на 18 објави министерот за здравство Венко Филипче. Едната од заразените слетала со авион и директно е однесена на клиника.

Тој објави нови мерки како што е затворање на молови, освен продавници за храна и аптеки, обложувалници, казина и кафулиња кои нема да работат воопшто.

Нема да може да се влегува и во објекти каде што се подтотвува храна и ќе може да се нарачува само онлајн и преку достава.

Во следните 24 часа ќе се затвори и Охридскиот аеродром. Филипче уште еднаш препорача да се седи дома како најефикасен начин за справување со корона вирусот.