Денешното рочиште на случајот „Рекет“ повеќе наликуваше на српските реални шоуа кои се прикажуваат и кај нас, отколку на еден од најважните процеси во кој се свртени очите на јавноста.

Причина за тоа беше општото губење во преводот од српски на македонски и обратно.
Се избуби и професионалната преведувачка и одбраната на Јовановски. Се почна убаво, со намера на судијката Васка Николовска- Масевска да го заштити дигнитетот на судот како институција наспроти вокабуларот изнесен во досетеките и дофрлувањата на обвинителството и обвинетите.

За овој предмет владее огромен интерес во јавноста а некој се убидува да го искористи за градење личен имиџ. Ова не е место за правење шоу, ова е судница и нема да дозволам да се претвори во ништо друго.Секој обид за такво нешто во иднина ќе биде санкционирано-рече судијката.

Ама кога не сака не сака. Ангажираната преведувачка не се снајде во преводот, но пред се беше збунета заради брзината со која говореа адвокатот и сведокот.
Во еден момент таа побара излагањата и прашањата да бидат пократки за да може точно да преведе, но тоа не и беше дозволено.

Во такви околности, направи неколку грешки што може да имаат значење за процесот.На една од нив рагираше и адвокатот на Јовановски па и тој почна да говори на српски на што реагираше обвинителката Рускоска.

Рочиштето доби нормален тек откако беше донесена друга преведувачка, која сепак се снајде подбро од нејзината претходничка.

Но, целата ситуација со грешките во преводот, неснаоѓањето предизвика општа смеа во седницата.