Одбраната на обвинетите во случајот „Насилство во општина Центар“ бара да ги добие цедеата што ги вештачеше вештакот од Србија.
Тие сметаат дека имаат право на тоа бидејќи треба да бидат вештачени од македонски вештак како што предвидува членот 236 од ЗКП. Во него е наведено дека вештачењето го вршат вештаци запишани во регистарот на вештаци на Македонија, а лицето Слободан Јовичиќ од Србија не е дел од тој регистар.
Адвокатот Драган Дангов смета дека одбраната има право на оспорување на доказите кои се претставени во доказната постапка.
Во поднесокот тој посочува дека при спроведувањето на вештачењето од кое се произлезени изготвените Извештаи, одбраната не била повикана да присуствува на ова истражно дејствије превземено од Обвинителството.
Затоа одбраната бара вештачењето да биде извршено од лиценирани македонски вештаци при што е е доставена листа од 12 вештаци.
Тие исто така посочија дека Обвинителството се плаши смимките да се вештачат и да се утврди дали тие се монтирани.
Comments are closed for this post.