Претседателот на Косово Хашим Тачи, по повод најавите дека Европската унија ќе го именува словачкиот дипломат Мирослав Лајчак за свој посредник во дијалогот меѓу Косово и Србија, порача дека именувањето на „некредибилен емисар“ нема да помогне во решавањето на проблемите меѓу двете земји.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи му порача на Брисел дека „треба да му даде политичка тежина на своето претставување во дијалогот Косово – Србија“.
– Спуштањето на нивото и давањето одговорност на еден емисар без кредибилитет нема да биде од помош. ЕУ треба да ги поддржи сите напори кои водат кон историскиот договор и да работи со партнерите кои носат резултати, порача Тачи.
Дипломатски извори од Брисел деновиве најавија дека именувањето на поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Лајчак, за посредник во дијалогот меѓу косово и Србија, е речиси завршена работа.
Политичките кругови и медиумите во Приштина забележуваат дека Словачка, како и земјата од која доаѓа новиот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел, Шпанија, се меѓу петте членки на Унијата кои не ја признаваат независноста на Косово
Comments are closed for this post.