Одбраната на Бојан Јовановски се изјасни дека се нуди 150.000 евра за тој да излезе од притвор. Семејството на Боки како гаранција ја нуди куќата која чини 100.000 евра и локал кој вреди 50.000 евра.
Неговиот адвокат Дукоски како причина зошто тој треба да излезе од притвор е дека не може да изготви квалитетна одбрана како и здравствени причини.
– Не може хигенски режим да се спроведе во затворот. Тој треба да прима посебна исхрана и не може затворот да прими посебен готвач за него. Неговата здравствена состојба наместо да се подобрува таа се влошува. Тој и денеска повраќаше -објасни Дукоски.
Comments are closed for this post.