Граѓаните на Република Македонија веќе немаат дилеми за тоа кој го диригираше правосудниот систем во државата овие теи години, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Повеќе од јасно е дека Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работела во координација и по наредба на Заев. На овој начин Заев ја фрли државата во бездна. Но, ова не е единствена ситуација каде Заев го крши законот. Секојдневно граѓаните беа сведоци на рекет, местени, тендери, доделување на лиценци со марихуана, изборни нерегуларности. Ја нема правдата која Заев им ја ветуваше на граѓаните пред да дојде на власт. Аудио материјалот за мафијата покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд, велат од партијата.
Од таму додаваат како второ, тој јавно признава дека се развлекуваа случаите на СЈО во координација со Катица Јанева.
-Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или Закон за обвинителство или “трас-трас” одлука на Врховниот суд. Крајот на сето ова доаѓа. Крајот ќе се случи на 12 април, а потоа ќе следува одговорност од сите, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.