Денешното рочиште за „Рекет“ не почна навреме поради задоцнетото спроведување во судот на Катица Јанева од домашен притвор.
Во судот денеска се пуштаат снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев. Првообвинетот Бојан Јовановски ги оспоруваа овие снимки со образложение дека тие се приватни разговори, незаконски снимени.
Обвинителката Вилма Рускоска кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки.
„Сакам да ми кажеш што добивам, како добивам и кога добивам. Сакам сите да бидат задоволни. Јас сум директен човек. Кажи оваа ќе биде во февруари, оваа во март и да го исполнам својот дел“. Оваа е дел од разговорот меѓу Јордан Камчев, сведок во ,,Рекет” и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, презентираан денеска во Кривичен суд.
Истите снимки беа објавени од италијанкиот весник „Ла Верита”.
Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Comments are closed for this post.