Инфраструктурата во зоната Визбегово и патниот правец Скопје – Блаце, биле дел од прашањата што ги отвориле претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на денешната работна средба со премиерот Оливер Спасовски.
На состанокот на кој присуствувале претседателот на комората, Неби Хоџа и членовите на потесното раководство, било констатирано дека продолжува воспоставената одлична комуникација меѓу Владата и бизнис заедницата, како и дека Владата, и покрај изборниот процес, функционира во полн капацитет и обезбедува континуитет на економските политики.
Во врска со инфраструктурата во зоната Визбегово и патниот правец Скопје – Блаце, Спасовски информирал дека „Владата останува посветена на решавањето на овие инфраструктурни прашања и дека се надминати дел од проблемите што Владата ги затекнала од претходно“.
-На средбата беше потврдено дека зоната во Визбегово и патниот правец Скопје-Блаце се од исклучително економско значење за бизнис заедницата и за граѓаните, стои во соопштението од Кабинетот на Спасовски.
Премиерот, како што се додава, на состанокот истакнал и дека Владата останува отворена за предлозите на бизнис заедницата, како и дека ќе продолжи дијалогот во однос на прашањата кои директно го засегаат стопанството.
Comments are closed for this post.