На првата прес конференција од заминувањето од премиерската функција, Зоран Заев излезе со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Заев вели дека доколку дојде на власт Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништат Договорот од Преспа.
Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеји за укинување или поништување на Договорот од Преспа кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со ЕУ-обвини денеска Заев.
Но, дали е така како што говори Заев?
Не ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните се тие кои кажаа „Не“ за договорот од Преспа. На референдумот 65 % од граѓаните не излегоа на референдумот не излегоа и со тоа јасно ставија дознаење дека се против промена на името. Не помогна ни наведувачкото прашање „ Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на Договорот од Преспа“.
Дека референдумот не е успешен официјално објави и Државната изборна комисија бидејќи не беше исполнет условот на гласање да излезат 50 проценти од запишаните гласачи. На реферндумот излегоа само околу 37 проценти од граѓаните.
Спротивно на волјата на народот, власта тргна во уставни измени и обезбедување на двотретинско мнозинство во Парламентот кои беа обезбедени со ослободување на неколкумина пратеници од притвор, како и со закани со судските процеси кои се водеа против нив
Comments are closed for this post.