Главната хероина во филмот Медена земја, Атиџе треба да се пресели во нова куќа на 60 километри од Скопје, во селото Дорфулија. Во оваа куќа ќе живее со братот и треба да има нормални услови за живот.

За да конечно се пресели во Дорфулија, треба да се среди уште само кровот на новата куќа…

После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира подолу го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Хатиџе“, напиша новинарот Фуркан Салиу на својот фејсбук профил.