Заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски / Timco Mucunski денеска остваривме средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.
На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија, стратешките определби и проблемите со кои се соочува државата и престојните парламентарни избори.
Потенцирав дека САД е стратешки партнер на Република Македонија и се заблагодарив за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес.
Истакнав дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додадов дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел.
На моите соговорници им посочив дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Напоменав дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ.
Воедно и се заблагодарив на амбасадорката Брнз за алатката за транспарентност и отчетност „Open finance“ која им овозможи на граѓаните увид во тоа како се трошеле и се трошат нивните пари, а овозоможи и разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери.
Comments are closed for this post.