Утрово во земјава најстудено беше во Маврово каде се измерени -12 степени целзиусови и Лазарополе -11 степени, а најтопло во Гевгелија 0 степени целзиусови.
Во текот на денот, времето ќе биде претежно сончево, а кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје сончево, попладне со појава на мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.
Comments are closed for this post.