Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, зборуваше за потенцијалот за „спарс“ на трансфер пазарот.
– Јас сум во Тотенхем. Ја знам филозофијата на клубот, проектот, целите. Знам дека на пазарот за трансфери едноставно ќе реагираме на она што може да се случи. Ако некој играч замине, треба да се прилагодиме на ова. Но, ние никогаш нема да станеме кралеви на пазарот, да ловиме врвни играчи и да се бориме со клубови кои се подготвени со својата филозофија да купат фудбалери со цел остварување на важни амбиции.
Треба да дејствуваме разумно, креативно. Повторувам, ми се допаѓаат играчите што ги имам. Колку повеќе работам со нив, толку повеќе ги препознавам, толку повеќе ги разбирам нивните квалитети и нивните слабости, истакна Мурињо.
Уште еднаш посочи дека му е потребно време за да создаде игра која ќе им парира на поголемите клубови.
– Не во наредните денови. Но, во јануари-февруари ќе имаме уште малку време да се обидеме да го подобриме тимот нагласи португалскиот стручњак.
Comments are closed for this post.