Последната анкета во која ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност пред СДСМ е реална слика за случувањата во Македонија во последниот период и за разочарувањето кое се чувствува кај граѓаните. Ваков е ставот на експерите по анкетата спроведена од Маркет вижн за „Мкд.мк“ во периодот од 12 до 20 декември.
На неа, прашањето за која партија би се одлучиле доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има 40,6 отсто подршка, а пак СДСМ 33,2.
Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПММЕ 18,3%, за СДСМ 15%.
Според искствата од последните неколку изборни циклуси, каде за еден пратеник во просек се потребни околу 7.500 гласови, ВМРО-ДПМНЕ би освоила помеѓу седум и девет пратеници повеќе од СДСМ.
Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле тогаш разликата е – за ВМРО-ДПММЕ 18,3%, за СДСМ 15%..
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, кој и самиот има искуство од правење анкети вели дека разликта е очекувана ако се знаат сите афери од страна на власта како и на разочарувањата на домашен и на меѓународен план. Сето ова, резултира со пад на довербата.
Најголемите неуспеси на власта се поврзани со неусешните реформи,посебно во судството, случајот „Рекет“, случајот со Венецијанската комисија и Законот за јазици како и загадувањето на воздухот. На меѓународен план пак најголем неуспех е недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ-посочува Божиновски за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.