Поминаа три дена откако јавно побарав од Зоран Заев да одговори дали го пријавил случајот „Рекет“ како што долго време гради приказна пи-ар тимот околу него, потсетува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Ако го пријавил мора да има писмена белешка, па го повикувам да ја покаже. Имено упатувам на Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Исто така упатувам на Законот за јавно обвинителство член 39 во кој јасно стои дека ЈО прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани. Врз основа на сето ова може ли Зоран Заев да каже на кој ден, на кој начин и како го пријавил Рекет и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата, вели Николоски, додавајќи дека очекува одговор.
Comments are closed for this post.