Социјалните мрежи вријат откако се објави видеото од дивеењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ. Се бараат оставки и одговорност но засега ништо од тоа.
Симона Угриновска и Хусни Исмаили се подеднакво виновни за дивеењето и сквернавењето во највисоката театарска институција во Македонија, исто колку и лицата на кои им беше дозволено да го направат тоа, а потоа уште и да се фалат со истото на социјланите мрежи.
Во петокот, со дозвола на Министерството за култура, како и самиот МНТ, во новиот објект на театарот се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“, поддржувачи на Шкупи. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.
Но, она што требаше да биде „гала свеченост“ на која се доделуваа и признанија, брзо се претвори во фудбалски стадион. Без ронка совест, „Шверцери“ ѝ плукнаа во лице на честа да прослават во институцијата која е врв на културата во Македонија.
Comments are closed for this post.