Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис во вторник, на 26 ноември, ќе го посетат Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на МИА, рече дека агендата на разговори се уште се комплетира, но со оглед на тоа дека и Франкојанис ќе биде во Скопје заедно со Дендиас, ќе стане збор и за економската соработка.

– Една од темите за кои ќе се разговара е и дополнителен развој на нашите економски односи, затоа ќе биде присутен и господинот Франкојанис. Мислам дека желба на двете страни е соработката да се движи во позитивна насока, рече Гениматас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.