Се подготвува ли терен за одложување на изборите на 12 април.Она што во политичките кругови се шпекулира, тоа денеска го објавува Советот на амбасадори
Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ им се заблагодарува на европските лидери и на комесарите на иституциите на Европска Унија за нивната реална и морална политичка поддршка на Република Северна Македонија во нејзиниот долг и макотрпен пат кон зачленување во ЕУ. Таа поддршка посебна беше важна после одлуката на Европскиот Совет во октомври на земјата да не и се додели датум за преговори, наведува „Советот на амбасадори“.
„Советот на Амбасадори“ од голема важност ја смета готовноста на земјите членки на Унијата (изразена во non paper на Франција) да ја реафирмираат уште еднаш европската перспектива на земјите на Западен Балкан со убедување дека само со нивното приближување кон ЕУ тие земји ќе можат да ги консолидираат нивните држави засновани врз принципите на правото и на правната држава, на нивниот економски и социјален развој. Со таа политика ќе се отворат реални перспективи за подобра иднина за младите и конечно помирувањето на народите во Регионот, наведува здружението.
Како што истакнуваат, високо го ценат тоа што сите политички партии во нашата земја во нивните политички програми како примарна цел зацртале да ги поддржуваат и афирмираат евро-атлантските интеграции, што како резултат даде земјата наскоро да добие статус на полноправна членка на НАТО.
– Меѓутоа, сите сме свесни дека паралелно со тоа треба да продолжат и процесите на заокружување на реформите барани од Европската Комисија со усвојувањето на новите правила и критериуми за полноправно членство во ЕУ, посочуваат тие.
Comments are closed for this post.