Германија ќе продолжи да дава свој придонес за продолжување на европскиот пат на Македонија, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред доаѓањето во Скопје.

Македонија цврсто и припаѓа на Европа. Сакаме ЕУ да го одржи зборот кон  Македонија и Албанија.  Македонија постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на тој пат. Не се работи само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за постоење на стабилен и сигурен регион во срцето на Европа, се наведува во пораката на Мас.