Многу недоумици и прашалници останаа откако на инсистирање на новинарите Владата ја испрати физибилити студијата за јавно приватно партнерство за формирање на хеликоптерска единица за итни медицински и спасувачки услуги.
Откако внимателно ќе се погледнете физибилити студијата се забележува дека трошоци има, иако можеби тие директно не се на сметка на буџетот, како што постојано напоменуваше Генералниот секретар Рашковски.
Во студијата стои дека трошоците за услугите на годишно ниво ќе изнесуваат 9 милиони евра за најмалку 8 години и оти оваа вредност нема да предизвика финансиски импликации по буџетот на Република Македонија, ниту дополнителни трошоци за нејзините граѓани. И ова апсолутно не е точно. Зашто, главните извори за финансирање на приватниот партнер ќе произлегуваат од аеродромски такси, процент од патарините и европски средства од Еуроконтрол.
Логичноо, се поставува прашањето дали ќе има дополнителни трошоци за граѓаните, кога и патарините и аеродромските такси паѓаат на нивни грб?
Дали Владата однапред дава ветување дека на сметка на хеликоптерската помош во иднина нема да поскапат ни патарините, ни аеродромските такси, без да каже кој процент од сегашната нивна висина ќе оди на сметката на фирмата САРХЕМС, која е регистрирана три недели пред добивањето на тендерот и е ќерка фирма на шведската „ хеликоптер конзорциум“?
Во физибилити студијата се наведува дека хеликоптер во европските земји бил вклучен во приближно 700 мисии додека во Македонија се предвидува побарувачка од 300 до 500 мисии годишно. Но, во кај нас се познати само по неколку случаи годишно на спасување на планинари, исчезнати и завеани на кои им се потребни ваков вид на услуги.
Comments are closed for this post.