Благој Бочварски вчера призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле кога велеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Зоран Заев три години свесно ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата притоа ширејќи лажни вести.Власта Зоран Заев и СДСМ лажеа дека е промашенаа трасата и на тој начин без тендер за анекс на договорот за градба испумпа нови над 180 милиони евра од буџетот на државата.Три години власта ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Три години изговор за неработата им беше дека била утната трасата. За на крај да можат да се задолжат за 180 милиони евра на штета на граѓаните, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Три години автопатот не е мрднат од мртва точка. Како е оставен во време на ВМРО-ДПМНЕ така е и сега. Зоран Заев е најголемиот измамник во Македонија. Зоран Заев лажеше и манипулираше. Три години свесно ја труеше јавноста со лажни вести и тој и неговата влада. Зоран Заев својата кампања во 2016 година ја темелеше на лажни вести и лажни ветувања. Три години подоцна Заев не ја сменил својата реторика. Три години подоцна Зоран Заев повторно мисли дека со лажни вести и лаги ќе ја манипулира јавноста.Доаѓа време за одговорност за сите лаги и манипулации. На 12 април граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите лаги, сета стагнација и криминал, изјави Стоилковски.
Comments are closed for this post.