Турција по првпат успешно истрела домошнопроизведена противбродска ракета АТМАКА од брод, произведен во таа земја, соопшти турското Претседателство на одбранбената индустрија (ССБ).
„По првпат лансиравме домашна ракета од домашен брод. Осмислена и произведена од „Рокетсан“, наша прва национална крилеста ракета АТМАКА од бродот ТЦГ Киналиада“, соопшти Претседателството.
ТЦГ Киналиада, е четвртата корвета (мал воен брод) која беше исградена во Турција, а во експлоатација беше пуштена во септември.
Comments are closed for this post.