Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која како осомничена се наоѓа во притвор поради случајот „Рекет“, од истражниот затвор Скопје во Шутка може селективно, по сопствено наоѓање, да ги исполнува законските обврски.
Па така, само пред неколку дена таа самата, но и преку својот адвокат, поднесе две барања за добивање апанажа, но не го почитувала законски предвидениот рок од 30 дена за поднесување анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција, по разрешувањето од функцијата специјален јавен обвинител од страна на Парламентот!
На поднесено барање до ДКСК, Лидер доби одговор дека во Комисијата дошло блиско лице на Катица Јанева, но не за да поднесе анкетен лист, туку за да укаже дека поради нејзиниот престој во притвор, таа не е во состојба да го стори тоа.
Откако беше притворена Јанева даваше овластувања на специјалните обвинители за водење на предметите пред надлежниот суд, поднесе оставка преку писмо, што никој во јавноста не го виде, бараше пари од „заедничкиот фонд“ на обвинителите за „свадби погреби“, даде гаранција во недвижен имот за излегување од притвор…
Според одговорот на ДКСК, за разлика од Јанева, сите останати поранешни специјални обвинители, кои беа вратени во обвинителствата од каде што беа префрлени во СЈО, ја исполните законската обврска и доставиле анкетни листови, по завршувањето на функцијата.
Comments are closed for this post.