Загадувањето на воздухот во северна Индија достигна „неподносливо ниво“, соопштија индиските власти.
Како што пренесува Би-Би-Си, во многу делови на индиската престолнина Њу Делхи воздухот денеска достигна опасно ниво на загадување, поради што градските власти ги советуваа жителите да останат во своите домови.
Локалните медиуми, пак, јавуваат дека над градот се забележува густ облак од смог, што е причина за затворање на голем број училишта. Исто така, прекинати се бројни градежни работи, а околу 30 авионски летови се пренасочени.
Властите ги советуваат жителите на главниот град да носат заштитни маски, да не ги отвораат прозорците и да избегнуваат физички активности надвор од своите домови.
Како мерка за заштита од загадувањето тие започнаа со ограничување на возењето според парни и непарни броеви на регистарските таблички на возилата.
Властите велат дека речиси 1,2 милиони регистрирани возила во Њу Делхи ќе бидат исклучени од сообраќај дневно, во текот на двенеделното ограничување.
Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот, а властите веќе прогласија вонредна состојба
Comments are closed for this post.