Разговорите за обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд. Денеска сме во општина Градско каде што со жителите на оваа општина ќе поразговараме во однос на проблемите кои што ги мачат секако во секојдневното живеење.Она што досега го имав како прилика да го слушнам од жителите на општината можам да кажам слободно дека буквално ниту едно од предизборните ветувања, впрочем како и секаде низ Република Македонија од страна на локалната власт не е воопшто испочитувано, изјави Игор Јанушев – Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Она што дополнително можам да го кажам а што е како огромен проблем за жителите на Градско дека и покрај огромните ветувања за исплата на штетите од измрзнувањето од 2016 година, се уште не се исплатени на 130 семејства и не можат да си го остварат своето право и да го земат овој надомест.Предизборното ветување за откупниот центар за земјоделски производи исто така е еден од ветувањата кои што успеаа на еден манипулативен начин да добијат поддршка од жителите на оваа општина, но сепак воопшто и не е започнато со изградба на овој откупен центар. Тука е и проблемот со средувањето на речното корито на мостот во село Ногаевци за кое што има огромен сомнеж дека станува збор и за криминални активности, но и сериозно ја загрозува безбедноста на самиот мост.Но, ова е нешто што е типично за работењето на криминално рекетарската банда на Заев бидејќи во еден очај, во немоќ ги гледаме како полека отстапуваат од оние мерки за кои што се бореа а кои што се на штета на граѓаните, па така во последните неколку дена видовме како пробуват на некој начин да ретерираат и од прогресивниот данок кој што го воведоа пред извесно време, изјави Јанушев
Факт е дека Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата. Можеме само да им порачаме ма граѓаните да се охрабрат и да ни се придружат, да бидат со нас на овие настани каде што ќе ни ги кажат своите проблеми а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе земеме обврска за истите да понудиме решенија во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Јанушев.
Comments are closed for this post.