Потписникот на Букурушекиот договор од 1913 година во името на Бугарија, автор на делото „Градителите на Бугарија“, ресенчанецот Симеон Радев доби споменик во Софија, пишува софиски „Дневник“. Тој е поставен до Националниот дворец на културата.
Споменикот е дело на скулпторот Јанко Бонев,а проектант е архитектот Петар Страјсков. Идејата за неговото поставување била на фондацијата „Достојни Бугари“,а финансиран бил од Обединетата голема масонска ложа на Бугарија. Неговото официјално отворање е најавено за скоро време.
Comments are closed for this post.