Првите лица на Баварскиот клуб, Хасан Салихамииќ, Ули Хенес и Крал Хајнц Румениге целосно го поддржаа нивниот тренер, како и играчите на клубот кои не играат баш најдобро на почетокот на сезоната.
Имавме добар почеток, а потоа следеше една лоша серија, но нема да го отпуштиме Ковач. Ние двајца имаме одличен однос, а мене ме напаѓаат дека не стојам зад него. Смешно, сетете се вие новинарите колку не фалевте, коментираше Хасан Салихамиџиќ.
Слично размислување има и Ули Хенес кој ги нападна медиумите и дел од фудбалските работници.
Срамно е известувањето за исвиркување на Ковач на кошаркарски натпревар. Потоа пишувате како не можеме без Бернат, дека сме изгубиле затоа што сме го продале. Ќе видиме на крајот кој е во право, рече Хенес.
Крал Хајнц Румениге пак кажа дека заедно одлучиле да застанат зад играчите кои во последниот период се многу критикувани.
По натпреварот со Холандија одлучивме да застанеме зад играчите кои се премногу критикувани. Тука е еден Мануел Ноер кој заслужи многу поголема почит. Неверојатно е што се прочитав за него, човекот е светски шампион и четири пати беше најдобар голман на светот, истакна Румениге.
Инаку претходно на прес конференција пред новинарите се обрати и Нико Ковач. Како причина за кризата во трофејниот клуб Ковач ги посочува отсуството на среќа поради што многуте шанси останале нереализирани, како и грешките во одбраната.
Кога работите не одат не треба да се прават радикални промени. Тоа не носи успех и затоа треба да се остане доследен на својот систем, истакна Ковач.
Според него лошата реализација е најголем проблем за тимот, бидејќи иако имаа многу шанси фудбалерите на Баерн на последните четири натпревари не можеа да стигнат до победа.
Топката не оди таму каде што сакаме, односно во голот. Потребно ни е малку среќа и поради тоа нема да го менуваме целиот систем, наведе тренерот на Баерн.
Баерн утре ќе се соочи со Волфсбург во рамките на Бундес лигата.
Comments are closed for this post.