Филмската дива Моника Белучи и во 55 година од животот ги привлекува погледите. Изгледа одлично, а за нејзиниот изглед како што вели италијанката заслужен е режимот на исхрана. Не вежба бидејќи тоа не е во согласност со нејзиниот начин на живот.
Јас сум како зрела круша. Многу слатка и сочна. Одењето во теретана не е во согласност со мојот начин на живот. Да станам во пет наутро за да почнам да вежбам во теретана во шест? Не доаѓа предвид – вели Белучи.
Единствено нешто што го практикува Белучи е пливање, трчање на лента и јога. Четири пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобар начин за добра линија и здраво тело. Повремено оди на кик – бокс.
Еве го нејзиниот режим на исхрана
Ден 1
Појадок: 150 мл природен јогурт со јаболко
Ручек: 200 грама говедско месо, 200 грама зелена салата од зеленчук со 1 лажичка маслиново масло, едно парче пченкарен леб
Вечера: 150 грама ориз со една лажица маслиново масло и 50 грама рендан кашкавал, 150 грама салата од зеленчук
Ден 2
Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и овошен мармалад
Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквици, 1 парче интегрален леб
Вечера: 150 грама варено месо
Ден 3:
Појадок: една шоља зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут
Ручек: 200 грама варен или печен компир, 100 грама сирење со ниска количина масти
Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло и домати, овошје
Ден 4:
Појадок: Јогурт со ниска количина масти со две лажици мед, 40 грама сирење
Ручек: 100 грама варен ориз, 100 грама тиквици, 100 грама говедско месо
Вечера: овошје, 200 грама риба, салата со маслиново масло, 1 парче леб
Ден 5:
Појадок: Чаша цеден сок, крекери
Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата, портокал или грозје
Вечера: 250 грама зеленчукова салата со грав, овошје
Моника Белучи е висока 173 сантиметри, а тешка 58 килограми.
Comments are closed for this post.