Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретнат на југот од Франција, на еден ден пред клучниот самит на ЕУ на кој може да биде одобрен договор за Брегзит.
Меркел и Макрон прво ќе го посетат седиштето на компанијата Ербас, како симбол на европската индустриска соработка, а потоа ќе одржат билатерални разговори и седница на двете влади во Тулуз, јавија американските медиуми.
Тие ќе разговараат за Брегзит, додека официјални претставници на ЕУ и Велика Британија се трудат да постигнат договор пред самитот во Брисел во четврток, последен пред предвиденото излегување на Велика Британија од ЕУ, на 31 октомври
Comments are closed for this post.