Шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски сепаратисти на казна од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување независност во 2017 година.
Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските меидуми.
Медиумите во земјата наведуваат дека се очекуваше дека обвинувањата за бунт, за кои се изрекува 25-годишна затворска казна, во меѓувреме ќе бидат преформулирани во поблаги обвинувања.
За време на судењето каталонските лидери се изјаснија дека не се чуствуваат виновни и дека им се суди од политички причини.
Сепаратистичките партии ги повикаа жителите на Каталонија на граѓанска непослушност доколку нивните лидери не се ослободат.
Comments are closed for this post.