Претседателот на Косово Хашим Тачи им честита на косовските граѓани и на политичките партии за достоинственото, слободно и демократско гласање на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата.
Преку својата страница на Фејсбук, Тачи порача дека „Косово уште еднаш покажа висока политичка и демократска зрелост“, а таквата зрелост треба да се покаже и при формирањето на идната Влада.
Им честитам на граѓаните на Република Косово и на политичките партии за примерните избори, за достоинственото, слободно демократско гласање. Косово уште еднаш покажа висока политичка и демократска зрелост. Сега иста таква зрелост треба да покажеме и за формирање на новата влада, што поскоро и со соочување со предизвиците кои веднаш сега го очекуваат Косово, напиша Тачи.
I uroj qytetarët e Republikës së Kosovës dhe partitë politike për zgjedhjet shembullore, për votimin e dinjitetshëm, të…
Posted by Hashim Thaçi on Monday, October 7, 2019
Comments are closed for this post.