Косовскиот претседател Хашим Тачи го поздрави иманувањето на американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел за специјален пратеник на претседателот Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ова именување е уште еден доказ дека претседателот Трамп, американската администрација, целата американска држава остануваат покрај Косово во овој значаен чекор. Сега сме уште по посветени на процесот на дијалогот и на можноста да постигнеме признавање од Србија и зачленување во Обединетите ации и така да ја заокружиме меѓународната консолидација на нашата држава, напиша Тачи.
Именувањето на Гренел, според косовскиот претседател, е „добра вест и за регионот и за сите оние кои се залагаат за опстоен мир, за развој и за подобар живот за сите држави на Југоисточна Европа“.
Сме кажале секогаш и веруваме секогаш дека сме среќни што покрај себе ги имаме Соединетите Американски Држави, напиша Тачи.
E mirëpres emërimin e Ambasadorit Richard Grenell si i dërguar i Presidentit Trump për dialogun Kosovë-Serbi.
Ky emërim…
Posted by Hashim Thaçi on Thursday, October 3, 2019
Comments are closed for this post.