Братското дерби помеѓу Црвена звезда и Олимпијакос им припадна на белграѓаните. Иако по првото полувреме имаа негатива, во вториот дел „експлодираа“.

Со оваа победа српскиот тим има реални шанси за пласман во осминафиналето, особено по дебаклот на Тотенхем среде Лондон од Баерн Минхен.

Продолжува бламажата на Реал Мадрид, кои едвај извадија бод на домашен терен со Бриж. Кралевите досега имаат само еден бод и ќе биде многу тешко да се пласираат во следната фаза.

Во другиот натпревар од оваа група, ПСЖ го доби Галатасарај во Истанбул со 0-1 со погодокот на Икарди и сигурно зачекори кон освојување на првото место во групата и пласман во осминафиналето.

Жоао Феликс и Парти донесоа победа на Атлетико Мадрид на гостувањето против Атлетико Мадрид. Јуве пак беше сигурен на домашен терен со Леверкузен.

Манчестер Сити со многу мака го совладаа Динамо Загреб, додека Шајтјор славеше на гости против Аталанта.