Во обид да ја спречат денешната ескалација на насилството на демонстрациите во Хонг Конг, полицијата по првпат пукаше со несмртоносна муниција кон насобраните. Тие ја гаѓале полицијата со киселината и молотови коктели.
Западните медиуми пренесуваат дека еден од демонстрантите бил погоден в гради и му била укажана лекарска помош додека лежел на улица, облеан во крв.
Претходно полицијата пукаше и со гумени куршуми, при што се повредени најмалку 15 лица.
Полицијата прво испукала неколку предупредувачки истрели кога демонстрантите почнале кон нив да фрлаат цигли и молотови коктели. Полицијата испука и солзавец и користеше топови со вода, а меѓу повредените има и претставници на медиумите.
Comments are closed for this post.