Најдобриот македонски фудбалер Дарко Панчев, во интервју за бугарски „Спортал“ се присети за годините поминати во Црвена звезда и на неправдите што им ги направила УЕФА. Според него, по освоената тутула во 1991 година, можеле да освојат уште една но играњето надвор од Југославија поради санкциите било преголем хендикеп.
Таа 1992 година Панчев и другарите натпреварите како домаќини ги играа во Будимпешта и Софија.
Натпреварувањето беше многу силно и беше тешко да се игра надвор од Белград. УЕФА не дозволи да играме финале двапати по ред. Тоа беше голем удар за нив бидејќи покажавме дека сме посилни од сега и покрај санкциите – изјави Панчев за „Спортал.бг.“.
Comments are closed for this post.