„Имаме најголем број гласови на изборите“, рече Абдулах Абдулах на прес-конференција и додаде дека нема да има втор круг на избори.
Тој беше најголемиот противник на претседателот Ашраф Гани.
Абдулах, кој го бара претседателството по трет пат по поразот во 2009 и 2014 година, рече дека неговиот тим ќе ја „направи новата влада“.
Изборната комисија се уште нема објавено информации за одзивот. Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 17 октомври, а конечните пред 17 ноември.
Comments are closed for this post.