Јамајканката Шели-Ен Фрејзер-Прајс е новата светска шампионка во спринтот на 100 метри.
Во финалната трка, Фрејзер-Прајс имаше импресивен настап од самиот старт, веднаш направи предност пред конкурентките и без проблеми прва ја мина целта.
Времето што и го донесе златниот медал на јамајканската тркачка ѕвезда, застана на 10.71 секунди, што е најдобро постигнување сезонава.
Второто место и сребрениот медал заврши на градите на единствената Европејка во финалето, Британката Дина Ашер-Смит, која патеката ја истрача со британски рекорд од 10.83 секунди.
Последното место на подиумот и бронзениот медал ги заслужи спринтерката од Брегот на Слоновата коска, Мари-Жозе Та Лу, која трката ја заврши со време 10.90.
After #WorldAthleticsChamps 100m 🥇 in 2009, 2013 and 2015, 🇯🇲’s @realshellyannfp adds a fourth individual 100m title to her impressive medal cabinet!
Take a bow 👏 pic.twitter.com/h4W5d7Bwqq
— IAAF (@iaaforg) September 29, 2019
Comments are closed for this post.