Околу 6,4 милиони Австријци денеска ќе гласаат на предвремените парламентарни избори, распишани откако беше изгласана недоверба на австрискиот Праламент, првпат во повоената историја.

Пред изборите за Европскиот парламент беше објавена афера во врска со видео снимки од пред две години на кои лидерот на Либералната партија на Австрија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе, наводно на роднина на еден руски милијардер му нуди државни функции за финансиска поддршка на неговата партија, по што дојде до распад на коалицијата со Народната партија (ОВП) на тогашниот канцелар Себастијан Курц.

Курц одлучи да ја прекине коалицијата со Либералите и да одржи предвремени избори, но до гласањето се обиде да продолжи да владее со формирање експертска влада, која траеше само неколку дена, бидејќи опозициските партии во Собранието изгласаа недоверба.

Граѓаните денеска ќе избираат 183 пратеници, а партиските списоци ќе ги распределат мандатите според регионалните, провинциските и републичките принципи, за кои важи прагот од четири проценти