Американецот Кристијан Колмен е светски првак на на 100 метри, откако денеска на Мундијалот во Доха мина низ целта со извонредно време од 9,76 секунди.
23 годишниот атлетичар е нов крал на спринтот. Влезе како голем фаворит во битката за златото во Доха откако беше единствениот атлетичар со време под 10 секунди во квалификациите и полуфиналето.
Времето кое го постигна е шесто најдобро на сите времиња, и најдобро на Светските првенства по постигнувањето на Усен Болт од 9,58 секунди пред десет години.
Ветеранот Цастин Гетлин мина низ целта како втор со време од 9,89 секунди, а бронзата заврши кај Андре де Грас кој исто така истрча под 10 секунди.
CHRISTIAN COLEMAN WORLD CHAMPION🥇
— FloTrack (@FloTrack) September 28, 2019
Comments are closed for this post.