ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија секогаш е подготвена за избори, како што што го покажавме и на претседателските избори, нагласува Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Република“.Според него, тоа јасно се гледа од разговорите со секој човек во државата.
Во однос на потребата од предвремени парламентарни избори не треба ние политичарите да го даваме нашето мислење, запрашајте го секој млад човек, земјоделец, новинар, здравствен работни, претприемач, сопстевник на мал бизнис итн. дали се живее подобро и побезбедно од пред 3 години и ќе ви го даде одговорот. На Македонија не ѝ се потребни само предвремени избори, на Македонија и е потребна обнова и тоа уште утре!
Comments are closed for this post.