Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ја повика власта да не бега од одговорност, и Заев да го исполни предизборното ветување за предлогот за избор на шеф на обвинителство да биде од опозицијата.
Да зависеше сè од опозицијата, законот досега ќе беше донесен. Имавме други сложени закони кои се носеа со 2/3 мнозинство, како за УБК и ОТА, постигнавме компромис, тука видовме дека има европски вредности. Доколку јас би бил министер по девет месеци преговори не би бил задоволен и успешен. Очигледно е дека законот е ДУИ и СДСМ. Едно од клучните ветувања на власта е опозицијата да биде дел од изборот на на главниот обвинител, да си ги преиспитаат ветувања. Отстапка може да направиме до таму каде што има суштинско делегирање на опозицијата. Немаме размислувано за име, кој би бил новиот шеф на новото обвинителство, важно е да најдеме решение првично за законот – рече Милошоски.
Comments are closed for this post.