Изградбата на првата официјална синагога во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе почне следната и ќе биде завршена во 2022 година, јавија локалните медиуми.
Синагогата ќе биде дел од мулти-конфесионален комплекс во кој ќе бидат сместени и џамија и црква, а ќе биде завршен во 2022 година, објави весникот Национал од Абу Даби.
Изградбата беше најавена во февруари, за време на посетата на папата Франциско на Емиратите, што беше прво патување на челник на Ватикан на Арапскиот Полуостров.
ОАЕ се промовираат како центар на толеранција и тврдат дека ја поддржуваат верската слобода и културната разноликост.
Обединетите Арапски Емирати немаат дипломатски односи со Израел иако израелски политичари постојано ја посетуваат земјата за да присуствуваат на меѓународни настани.
Comments are closed for this post.